Сакате повеќе слободно време? Еве како да го добиете!

20

planina

Фото: Pixabay

Претприемачот е во постојана битка со времето. Понекогаш, 24-те часа од денот не се доволни да се завршат сите обврски, а недостатокот на време е пречка што треба да се совлада. Според Allbusiness, ако се потрудите да направите комбинација на следниве активности, ќе добиете повеќе слободно време.

Утврдете во што треба да бидете инволвирани

Првото што ќе ви падне на памет е дека секаде треба да сте вмешани. Тоа е одговор скоро на сите бизнисмени, но вистината е дека ако се обидувате да направите сè, ќе бидете неефикасни.
Утврдете точно кои задачи мора да ги извршите. Ако сте единствениот кој може да продава или да дизајнира, тогаш правете го тоа. Ако не сте стручен за некоја област, распределете ги задачите на други вработени кои подобро ќе ги завршат.

Ограничете ги состаноците

Долгите телефонски разговори одземаат време, а претприемачот троши многу време и за координирање на состаноци. Потрудете се да направите селекција на приоритетните средби. Избегнувајте ги социјалните мрежи, освен ако вашиот бизнис е поврзан со нив. Бидете сигурни зошто користите специфични социјални мрежи, дали за собирање на информации или истражување.

Научете да кажете НЕ

Честопати не сакаме да ги одбиеме другите луѓе, но исполнувањето на нивните барања троши време. Освен ако барањето се однесува на нешто што е многу важно за бизнисот, неопходно е да научите да кажете НЕ. Кога ќе речете НЕ на неважните работи, вие велите ДА на своите приоритети.