Да се вложат две милијарди евра во изградба на 125 станови може да звучи премногу, но не и во Монако.
Становите, како што пишува Financial Times, се градат на земјиште од 60 хектари. Комплексот ќе вклучува дополнителни содржини како што е парк, продавници и мали пристаништа, а се очекува да биде готов во 2024 година.
Локален агент за продажба на недвижнини рекол дека цените во комплексот ќе бидат околу 100.000 евра за метар квадратен, што е двојно повеќе од просечната цена на луксузен имот во Монако од 54.846 евра за метар квадратен.
Само 16 новоизградени домови се продадени во Монако минатата година, во однос на 33 една година претходно, а пад има и кај дозволите за градење.
Фото: Pexels