Samsung го купува производителот на автосистеми Harman

12

samsung-har

Јужнокорејската електронска компанија Samsung Electronics, објави дека го презема американскиот производител на авто делови Harman, за сума од осум милијарди долари. Samsung за секоја акција на американската компанија ќе ѝ плати 112 долари.

Во соопштението на Samsung се наведува дека овој договор е обид за влез на пазарот на автомобилска технологија. Од Samsung очекуваат дека тој пазар до 2025 година ќе биде вреден околу 100 милијарди долари.

Harman е лидер во Connected car solutions и повеќе од 30 милиони возила се опремени со негови електронски и аудио системи. Според компаниски податоци, околу седум милијарди долари заработка на Harman до 30 септември 2016 е од продажба на електронски системи за возила.

Преземањето на странски компании зазема високо место на агендата на Samsung, откако компанијата минатиот месец ја купи Viv Lab, специјализирана компанија за истражување во областа на вештачката интелигенција.