Самсунг ќе лансира еластични мобилни телефони

24

Компанијата Самсунг е подготвена да започне со производство на смарт телефони со еластични екрани. Со оваа нова технологија телефоните би биле потенки, полесни и некршливи при пад.

Според весникот Wall Street Journal, првите еластични телефони би се нашле на пазарот во јули 2013. Весникот исто така се надоврзува на коментарите дека компанијата е подготвена да го лансира 5,5 инчниот OLED екран за време на Consumer Electronics Show (CES), во јануари 2013.

За разлика од обичните LCD екрани, кои што се пуштаат преку светилка која се наоѓа зад или околу периметарот на екранот, OLED екраните користат свој сопствен извор на светлосна енергија.
Тоа истовремено ги прави потенки и полесни од обичните екрани и благодарение на оваа внатрешна светлина, истите не содржат стакло.

Еден екран може лесно да се направи од полимеризирана пластика, па дури и од алуминиумска подлога.
На CES 2011, Самсунг ја демонстрираше оваа технологија на растеглив 4,5 инчен екран кој беше само 0,3 милиметри тенок и можеше да се свитка во цилиндрична форма без притоа да се скрши.