Samsung лансираше телевизор со свиткан екран

46

Компанијата Samsung официјално го лансираше на пазарот првиот супер тенок телевизор со свиткан екран чија цена е 13.000 долари или пет пати повеќе од телевизорите со рамен екран кои што веќе се во продажба.

article-2349541-1A87D088000005DC-470_634x433

Педесет и пет инчниот модел има OLED екран со висока резолуција, а неговиот уникатен дизајн овозможува екранот во секое време да биде исто оддалечен од гледачот.

Телевизорот моментално се продава само во Јужна Кореја, но како што велат од Samsung, истиот ќе биде достапен и во други земји од следниот месец. Тоа ќе биде прв пат телевизор со свиткан екран да се најде на пазарите надвор од Азија.

article-2349541-1A88B7BA000005DC-775_634x366

Од компанијата тврдат дека неговиот безвременски или Timeless Arena дизајн, значително ја намалува шансата да се забележат точките од екранот, односно се добива кристално чиста слика.

Свитканиот OLED екран исто така ги вклучува и останатите функции на телевизорите на Samsung како што е multi-view, кој што овозможува да се гледаат различни канали во исто време.

article-2349541-1A88B7AF000005DC-694_634x421