Samsung Electronics освои 49 награди за дизајн на интернационалната манифестација IDEA – International Design Excellence Awards, меѓу кои и една златна, шест сребрени и две бронзени награди. До сега, ова е рекорден број признанија кои една компанија ги има добиено во текот на една година.
Компанијата освои златна награда за:
- Бежичен систем за аудио-визуелен идентитет –овозможува конзистентност во испраќањето на брендинг пораки со визуелно прикажување на моќните аудио и уникатни дизајнерски карактеристики на брендот, прилагодено за генерацијата Миленијалци.
И шест сребрени награди за:
- Dual Cook Flex– печка со премиум квалитет, софистицирани линии и минималистички дизајн. Има флексибилен систем за отворање на вратата за подготовка на повеќе од две јадења истовремено, без голема загуба на топлина.
- Колекција на вградливи кујнски апарати за готвење–чиј комерцијален дизајн го усовршувале професионални готвачи. Колекцијата е составена од печка, вградени плочи со рингли, професионален самостоен шпорет, аспиратор и машина за перење садови со беспрекорен професионален дизајн. Функционалноста инспирирана од советите на професионалците е овозможена преку ИоТ опцијата за поврзување и обезбедува фантастично искуство при подготовката на храна.
- Уред за поврзување на мрежата на итни служби (ESN,Emergency Service Network) –рачен мобилен уред кој во потполност е оптимизиран за средината во која работат итните служби, поддржувајќи ги сите нивни функционалности и гласовни пораки. Неговиот отпорен дизајн е практичен за теренска употреба. Уредот е отпорен на вода и прашина, во согласност со IP68 стандардот.
- Заоблен CJ79 Thunderbolt 3 QLED екран –ултра-широк заоблен екран од 34 инчи, со сооднос 21:9 кој овозможува целосно уживање во визуелните содржини со својот природно заоблен дизјан.
- The Frame– ТВ уред со кој ѕидовите едноставно оживуваат, со режим за приказ на уметнички дела (Art Mode)кој во секојдневниот живот внесува доза инспирација.
- VL5/VL3 бежична серија аудио уреди – бежичен аудио систем со единствен дизајн кој овозможува едноставна инсталација на било кој дел од домот и овозможува вистинско уживање во добриот звук.
Покрај златната и сребрените награди, Samsung е добитник и на две бронзени награди:
- Галакси С8/С8+ (Galaxy S8/S8+) и Галакси Ноут8 (Galaxy Note8) –комбинацијата на екран без рамки и симетричен, заоблен дизајн овозможува совршено, реалистично искуство при уживање во содржините прикажани на мобилниот уред.
- Систем за приказ на визуелен идентитет The Frame – Концепткој совршено се вклопува во секој дом и јасно им ги прикажува на корисниците предностите од користењето на овој систем.
IDEA Design Awards е манифестација во организација на Друштвото на Индустриски Дизајнери на Америка која за прв пат е одржана во 1980 година. Производите кои конкурираат за награда се одбираат според сеопфатната оцена на иновациите во областа на дизајнот, корисничкото искуство и бенефициите за корисникот како поединец и општеството.