Санкции за транспорт на руска нафта по морски пат

97

Соединетите Американски Држави, заедно со Групата седум најразвиени земји (Г7) и сојузниците, ќе воведат забрани за поморски транспорт на руска нафта и бензински производи, објави американското Министерство за финансии.

„Забраната за поморски транспорт на сурова нафта ќе стапи на сила на 5 декември, а за бензинските производи на 5 февруари“, се вели во соопштението што го пренесе Мина.

Министерството соопшти дека овие мерки нема да влијаат на земјите или државите кои веќе купиле руска нафта на или под планираната граница.

На 2 септември министрите за финансии на Г7 ја потврдија својата намера да воведат ограничувања на цените на руската нафта како дел од проширувањето на санкциите.