Божиќните санки кои датираат од 18-от век, чија вредност се проценува помеѓу 11.000 и 16.000 долари, се најдоа на списокот на распродажбата Bonhams Carriage Collection.
Кочиите и санките кои се дело на најдобрите мајстори од тој занает, како Holland & Holland, Guiet & Co, Barker & Co и Van Campenhout од 17-от век, се дел од оваа аукција на која ќе бидат претставени околу 150 предмети.
Некои од нив како кочиите ex-Royal British Mews 1835 Traveling Landau, имаат голема историска важност.
Овие кочии, дело на компанијата Adams & Hooper се очекува да достигнат цена помеѓу 310.000 и 470.000 долари или колку што денес чини Range Rover.
Аукцијата ќе се одржи во Оксфорд, Англија на седми март 2015 година.