Саудиска Арабија инвестира во развој на фармацевтски производи

26

Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF) отвора нова фирма за привлекување фармацевтски и биотехнолошки компании да инвестираат во производството на лекови, бидејќи Кралството се оддалечува од потпирањето само на нафтениот бизнис и се обидува да ја забрза таа транзиција.

Фармацевтската инвестициска компанија има за цел да биде партнер со локални и меѓународни фирми кои ќе работат на развој на фармацевтски производи, вклучувајќи инсулин, вакцини, плазма терапија, моноклонални антитела и клеточни и генски терапии, се вели во соопштението на ПИФ во кое не се откриени финансиски детали за предложените инвестиции, пишува Блумберг.

Lifera, новата фирма за која станува збор треба „да му овозможи на приватниот сектор да се зголеми, обезбедувајќи полесен пристап до пациентите, како и полесна понуда на лекови кои можат да ја задоволат локалната, регионалната и глобалната побарувачка“, рече Јазид Ал-Хумејд заменик гувернер на ПИФ.