Сава Осигурување потпиша договор со потенцијалната светска тенисерка Астрид

52

Сава Осигурување подружница Хрватска, во генералното претставништво потпиша договор со перспективната хрватска тенисерка Астрид Јоха-Билиќ од Задар. Со тоа, оваа осигурителна компанија потврди колку е важно надежните спортисти да добиваат поддршка од страна на големите компании.

“Астрид нè освои со нејзината отвореност и страст за тренинг, како и со нејзините одлични настапи како на домашни, така и меѓународни турнири. Веруваме дека со поддршката од 2020 година ќе и помогнеме на Астрид и на нејзиниот тим во усовршувањето на играта и ќе придонесеме за напредокот и победите на нејзините настапи“, изјави Давид Кастелиќ, извршен директор на Сава осигурување.

Главниот тренер од тенискиот тим на Астрид, Весна Билиќ додаде дека младата тенисерка е подготвена за големи резултати, особено ако се знае дека речиси на секој турнир се закитува со медал од првите три места.

“Свесни сме за сериозноста на договорот со Сава Осигурување и упатуваме голема благодарност за разбирањето кое раководството на оваа осигурителна компанија го има за младата Астрид. Веруваме дека со напорна работа и трудољубивост што ја покажува, Астрид може да постигнеме голем успех. Тоа што нè поврзува со Сава Осигурување е вербата дека Астрид е следната ѕвезда во светскиот тенис“, изјави Билиќ.