Народната банка на Србија ја зголеми референтната каматна стапка од 5,75 на 6,0 проценти

Извршниот одбор на Народната банка на Србија на денешната седница донесе одлука за заострување на монетарните услови со зголемување на референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 6,0 отсто, соопшти централната банка.

Зголемена е и стапката на депозитни средства на 4,75 отсто, како и стапката на кредитните на 7,25 отсто.

„Имајќи го предвид реализираното и очекуваното движење на инфлацијата во наредниот период, како и ризиците од меѓународното и домашното опкружување кои можат да влијаат на нејзиното движење, Извршниот одбор заклучи дека зголемувањето на референтната каматна стапка е адекватна и навремена мерка со цел да се спречат позначајни секундарни ефекти од енергетскиот шок врз другите цени и да се обезбеди стабилност на цените на среден рок“, соопшти НБС.