Се намалува бројот на основци и средношколци во земјава

26

На почетокот на учебната 2019/2020 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 187.240, што претставува намалување за 0,5% во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2019/2020 година, изнесува 69.980, што претставува намалување за 2,3% во однос на претходната учебна година.

Фото: Pixabay