Се очекува лансирање на првите 60 сателити на SpaceX што ќе обезбедат интернет на глобално ниво

24

Компанијата SpaceX, зад којашто стои Илон Маск, планира да овозможи евтин и широкопојасен интернет за целата планета. За таа цел ќе бидат лансирани 60 сателити во Земјината орбита, првата серија од мегасозвездието наречено Starlink.

Лансирањето е предвидено за денес од Кеј Канаверал, Флорида, а доколку истото се покаже како успешно SpaceX ќе биде првата компанијата што успеала во ваков проект, пишува KTLA 5.

Според Илон Маск, единствено што им недостасува на сателитите е спобосноста да комуницираат меѓусебно кога се во орбитата. На компанијата ќе ѝ требаат уште шест мисии пред Starlink да може да обезбеди постојан интернет во оние делови каде досега не било возможно.

За да може да се овозможи интернет покривање за поголемиот дел од светската популација ќе бидат потребни уште 12 лансирања.

Фото: SpaceX