Се очекува процут на туризмот во Југоисточна Европа

136

Во Југоисточна Европа се очекува бум во туризмот, бидејќи интересот за оваа дестинација достигна највисоко ниво во историјата. Балканот цвета. Тој е еден од последните егзотични региони во Европа, но се повеќе луѓе го гледаат бидејќи има таква разновидност – од Алпите до Егејот, нуди култура, природни атракции, плажи, планини, гурмански атракции, вино и скијање. – објави европскиот туристички портал New Deal кој се занимава со туризмот во Југоисточна Европа.

Заклучокот е дека регионот бележи зголемен интерес за инвестирање во хотели, бидејќи туристите стануваат се повеќе свесни за регионот како нова туристичка дестинација. НДЕ наведува дека на крајот на март ќе одржи годишен состанок на туристички компании од сите балкански земји – Грција, Молдавија, Романија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Бугарија, Северна Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Во извештајот се наведува дека овој регион нуди одлична вредност за парите за овие дестинации, особено за земјите надвор од Европската унија, а Албанија е една од најперспективните дестинации. Интересот за оваа земја порасна особено кај Британците, бидејќи секој ден до Албанија летаат повеќе од осум летови од Велика Британија.

Според овие податоци, Хрватска имаше рекордни резултати во текот на летната сезона, а Словенија, пак, е една од најдобрите дестинации за одржлив туризам, при што земјата има големо искуство во зелен туризам. На оваа платформа неодамна е додадена и Молдавија, како земја која наводно е одлична за љубителите на вино.