Сè поскапо на бензинските: повторно раст на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,759 ден/кг, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени нанафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,687 ден/кг.