
Сè повеќе германски компании стравуваат за својот опстанок поради намалената побарувачка и високите трошоци, објави денес Институтот за економски истражувања од Минхен (Ifo).
Според анкетата, 8,1 процент од компаниите велат дека нивните перспективи се сериозно загрозени, во споредба со 7,3 проценти во октомври минатата година.
Главен проблем останува недостатокот на нови нарачки, што создава значителен притисок врз ликвидноста и го отежнува планирањето на приходите.











