Се продава шампионското Ферари на Шумахер

94

Ферарито со кое Михаел Шумахер победи на пет трки за време на сезоната во Формула 1 во 2003 година, кога ја освои титулата светски шампион, ќе се најде на аукција следната недела во Женева.

Ова го објави аукциската куќа Сотби. Црвеното Ferrari Chassis 229 со кое Шумахер се тркаше девет пати може да достигне цена и до 9,4 милиони долари, според продавачите.

„Тоа е посебно затоа што овој автомобил е еден од само четирите болиди со повеќе од четири победи во историјата на Ферари, а особено со еден од највештите возачи од неговата генерација, Михаел Шумахер“, изјави Винсент Лузуј, извршен помошник директор за продажба на РМ Сотби. Тој рече дека целниот пазар се купувачите на тркачки автомобили, бидејќи автомобилот е „подготвен за патеката“, како и колекционерите на уметнички дела.