Се продава вилата на Едвард Кардељ за два милиона евра

29

kardelj

Вилата во која некогаш живееше Едвард Кардељ, еден од челните луѓе во поранешна Југославија, се продава за два милиона евра, јавуваат словенечките медиуми.

Вилата Тацен се наоѓа на Шмарна Гора, Љубљана, на атрактивна локација. Зафаќа површина од 400 метри квадратни, а целата парцела, која е на продажба со станбениот објект е 6.600 метри квадратни.

По смртта на Кардељ, откако неговите потомци се иселиле, куќата неколку години ја користела словенечката територијална одбрана. Сега ја продаваат наследниците на некогашниот сопственик Јанез Сеуниг, кој е иселен од неа во 1947 година. Наследниците ја добиле куќата по постапката на денационализација, а денеска е во многу лоша состојба, пишуваат медиумите.