Властите во Грција го затвораат Акропол и другите древни локалитетите за посети во текот на попладневните часови, бидејќи се најавуваат високи температури.
Во одредени делови од грчката престолнина, температурите достигнаа до 42 степени. Грчките власти овој топлотен бран го опишаа како најинтензивен во последните 30 години.
Акрополот, којшто вообичаено е отворен во текот на летото од осум до 20 часот, ќе има скратено работно време до петок, односно ќе биде затворен од пладне до 17 часот.
Топлотниот бран ќе ја тестира и електроенергетската мрежа на земјата, бидејќи се очекува потрошувачката денеска да го достигне 10-годишниот максимум.
Фото: Pexels