Се става крај на продажбата на оловен бензин

62

Периодот на употреба на оловен бензин официјално заврши, објави Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП).

Во соопштението се наведува дека Алжир, последната земја што продавала бензин со олово, денеска трајно ја прекина продажбата.

UNEP посочува дека прекинот на употребата на оловно гориво ќе ја елиминира големата закана за здравјето на луѓето и животната средина.

Експертите на ОН велат дека употребата на оловен бензин, која започнала во 1922 година, е „катастрофа за животната средина и јавното здравје“.

Официјалните лица тврдат дека сопирањето на употребата на оловен бензин ќе спречи повеќе од 1,2 милиони прерани смртни случаи годишно, објави „Гардијан“.

Оловното гориво го загадува воздухот, прашината, почвата, водата за пиење и прехранбените култури повеќе од еден век, што доведува до срцеви заболувања, срцев удар и рак. Особено е опасно за децата бидејќи го оштетува мозокот и ја ограничува способноста за учење.

Повеќето богати земји престанаа да користат бензин со олово во 1980 -тите, но до 2002 година го користеа речиси сите земји со понизок животен стандард.

Оловото се уште се користи во бои, батерии и апарати за домаќинство.