Се укинува флексибилното работно време за администрацијата

127

Од утре, сите вработени во државната администрација ќе работат од 8 до 16 часот, односно се укинува флексибилното работно време.

Оваа одлука е донесена на владина седница, со која престанува да важи претходната одлука според вработените во државната управа можеа да почнуваат со работа помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот да биде помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

За Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – за одделенија за одбрана за регион со градовите и општините во состав беше воведено работно време од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.

Фото: Pixabay