Се вози помалку, но на подолги релации: Промени во патниот превоз во 2025

Контраст во патниот превоз: Намалени патници, зголемени километри

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 8.6 % во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 845 илјади и е намален за 8.6 % во однос на првото тримесечје од 2024 година, и тоа:

  • во градскиот превоз е намален за 12.4 %,
  • во приградскиот превоз е намален за 6.3 %,
  • во меѓуградскиот превоз е зголемен за 0.8 %,
  • во меѓународниот превоз е зголемен за 54.9 %.

Вкупниот број на патничките километри е 247 877 илјади и е зголемен за 27.6 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

  • во градскиот превоз е зголемен за 30.5 %,
  • во приградскиот превоз е зголемен за 7.2 %,
  • во меѓуградскиот превоз е намален за 5.2 %,
  • во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 62.6 %.

Превезени патници со автобуси, прво тримесечје 2025 година

  • Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз:  9 845 илјади
  • Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз:  247 877 илјади