
Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.
Цените на овие 11 производи од 5 април до крајот на месецот не смеат да бидат повисоки од:
70 денари килограм домат, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, зелената пиперка 90, гравот 75 денари килограм, леќа – 110, банани – 70 денари, портокали 55, мандарини – 60 и килограм лимони до 55 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.











