Се затвораат компании: За 2,2 отсто е зголемен бројот на барања за стечај во Европската унија

69

Бројот на барања за стечај во Европската унија е зголемен за 2,2 отсто во периодот април-јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Еуростат.
Според сезонски прилагодени податоци, бројот на барања за прогласување банкрот во вториот квартал од 2022 година е зголемен за 2,2 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната во однос на првиот квартал, се вели во извештајот на агенцијата, без да се прецизираат бројки во апсолутна износи.

Според Евростат, четврти квартал по ред се зголемува бројот на пријави за стечај. Латвија забележа најголем пораст на пријавите во извештајниот период, при што бројот на компании кои поднесоа барање за стечај скокна за 74,4 отсто. По неа следуваат Белгија која забележа раст од 14,7 отсто и Данска (11,9 отсто).

Еуростат наведува дека во тој период барања за стечај поднеле компании од речиси сите економски сектори на ЕУ. Во споредба со периодот пред пандемијата на Ковид-19, особено е зголемен бројот на пријави во дејностите транспорт, складирање, сместување и подготовка во сервисот за храна.

Прогласувањето стечај подразбира судска постапка над несолвентен деловен субјект, преку негов стечај или реорганизација, со цел намирување на доверителите. Не секогаш стечајот води до прекин на работењето на компанијата.

Фото: Pixabay