Seat гради фабрика за батерии со големина на девет фудбалски игралишта

35

Seat треба да изгради нова фабрика за батерии во Марторело, Шпанија, со големина од девет фудбалски терени.

Претставниците на SEAT го пријавија проектот за изградба на фабрика за батерии во која, со главно финансирање од фондот на Европската унија од речиси 1,5 милијарди евра, Seat ќе инвестира дополнителни 300 милиони.

Фабриката ќе се простира на површина од 64.000 метри квадратни, што е еквивалент на девет фудбалски игралишта и ќе отвори повеќе од 400 директни и 100 индиректни работни места.

Раководството на Seat и Cupra сака да ја позиционира Шпанија како центар на електромобилноста во Европа. Во оваа насока, беше предложена иницијатива до владата да се одземе 15 проценти од персоналниот данок на секој купувач на електрично возило во Шпанија со цел да се стимулира продажбата на автомобили и да се прошири мрежата на станици за полнење.

Во оваа фабрика ќе се склопуваат и ќелиите PowerCo, а ќе се произведуваат во Сагунто (Валенсија). Истовремено, фабриката за батерии ќе биде поврзана со објект каде што ќе се произведуваат модели со нулта емисија за целата групација VW.

Според шефот на Seat, Вејн Грифитс, изградбата ќе започне на почетокот на август оваа година. Крајниот рок за завршување е 2025 година.