Седмиот пакет санкции против Русија е сè поблиску

69

ЕУ се подготвува да објави нова рунда санкции против Русија во следната недела.

Се очекува да се забрани увозот на руско злато и да се „затворат постојните дупки“ во режимот на казнени мерки, дознава EURACTIV.

Подготовките на амбасадорите на ЕУ за седмиот пакет санкции продолжуваат денеска и утре, а најверојатно членките на ЕУ ќе ги одобрат кон средината на следната недела, изјавија за бриселскиот портал неколку дипломати на ЕУ.

Таканаречениот пакет за имплементација ќе вклучува забрана за увоз на руско злато, што е најголемиот извоз на Русија по исклучувањето на енергијата.

Овие мерки беа договорени на самитот на Групата 7 во јуни од Франција, Германија и Италија со партнери од САД, Канада, Јапонија и Велика Британија.

Аналитичарите велат дека забраната би била посимболична, бидејќи претходните санкции против Москва веќе ефективно ги затворија европските и американските пазари, вклучително и трговските центри Лондон и Цирих.