Седум едноставни чекори за успешна година

20

ng

Фото: Pexels

Планирањата за следната година најчесто ги оставаме за декември. Проблемот е во тоа што последниот месец во годината е пренатрупан со празнични забави, купување на подароци и даночни пресметки.

Токму заради сезоната на забави и средбите со пријателите и роднините, декември е месец и кога имате најмалку време за планирање.

Entrepreneur ни претставува седум совети за планирање на успешна работна година.

Сортирајте ги контактите во базата на податоци

Сигурно нема да испратите честитка на клиентите со кои не сте контактирале со години. Затоа направете табела и сортирајте ги клиентите според важност.

Јавувајте се

Почнете да им се јавувате на клиентите уште од денес, со образложение дека ја ажурирате вашата база на податоци… Кога сте веќе тука, можете и да ги прашате и за датумот на раѓање.

Ажурирајте ја вашата веб страна

Сигурно имате нови содржини кои сакате да ги содржи вашата веб страна. Ажурирајте ги информациите и податоците што е можно побрзо.

Прегледајте ги последните 20 продажби

Добро прегледајте ги последните продажби за да знаете каде да ги вложите вашите пари следната година.

Направете досие за конкуренцијата

Истражете малку повеќе за вашата конкуренција, најверојатно таа прави нешто подобро од вас. Дознајте што е тоа за да можете полесно да се снајдете следната година.

Преглед на трошоците

Анализирајте ги своите сметки и видете на што можете да заштедите следната година.

Време за промени во кадарот

Сега е вистинското време да одлучите дали баш секој од вработените е вистинската личност за позицијата која му/и е доделена.

Дали сте подготвени да ја направите 2015 најуспешна година до сега? Започнете со планирањето уште денес.