Седум навики што ги водат оптимистите

22

optimizam-1-pixabay

Фото: Pixabay

Имаат ритуал за смирување

Вежбањето и медитацијата се поврзани со доброто расположение. Според истражувањата, оптимистите практикуваат одредена физичка активност или посетуваат часови по медитација и јога.

Позитивни се во тешките времиња

Не дозволуваат негативните мисли да ги надвладеат кога времињата се тешки. Според нив, сè се случува со причина, а позитивното размислување помага побрзо да се пребродат лошите денови.

Се сакаат себеси

Најчесто, најстроги критичари на себе сме ние самите. Но, оптимистите не се толку строги, тие се сакаат и прифаќаат со сите свои маани и доблести.

Внимаваат со кого се дружат

Луѓето кои не опкружуваат можат многу да влијаат на нашето расположение. Затоа друштвото треба да биде добро одбрано, а оптимистите тоа и го практикуваат.

Ги слават малите победи

Позитивните луѓе подеднакво ги вреднуваат и големите и малите победи. Секој успех, без разлика на големината, треба да се прослави на начин кој вам ви одговара.

Не создаваат замисли како од бајките

Иако светот го гледаат од позитивната страна, сепак живеат во реалноста и не дозволуваат мечтаењата да им попречат во остварување на целите.

Планираат однапред

Ја согледуваат реалноста каква што е и умеат работите да ги стават под контрола преку однапред планираните активности.