Седум правила на лидерство

15

lider-3-pixabay

Фото: Pixabay

Кои се седумте клучни правила на лидерството, дознајте во продолжение.

Правете го тоа што треба за вашите луѓе

Кога станува збор за тоа како треба да се однесувате со луѓето, постојат одредени работи за кои се знае како треба да се постапи. Одлуката секогаш донесете ја во корист на вашите луѓе. Наградете ги оние кои постигнале повеќе, дајте им поддршка на тие кои ненамерно направиле грешка и поголема слобода на оние кои заслужиле.

Водете се од концептот огледало и прозорец

Големите лидери гледаат подалеку од рамките на прозорецот кога треба некому да му се оддаде признание за добро завршената работа. Кога ќе се случат грешки, тие погледнуваат во огледалото и ја превземаат најголемата одговорност во свои раце.

Одговорно пренесувајте го знаењето

Никој не стигнал до лидерска позиција без помошта од луѓето низ предизвиците. Големите лидери ја продолжуваат приказната, со полна одговорност го пренесуваат знаењето и вештините на следните генерации.

Бидете извор на инспирација и оптимизам

Успешните водачи прават сите околу нив да се чувствуваат добро во врска со нивната инволвираност во организацијата. Тие креираат околина каде сите се чувствуваат како дел од една поголема целина. Тоа е производ на среќен и мотивиран тим кој точно знае како да одговори на предизвиците.

Исправајте ги работите попатно

Никогаш не се случило еден бизнис план да се оствари токму онака како што првично бил замислен. Животот се менува многу брзо и често пати потребни се одредени исправки. Големите лидери го знаат тоа и не се врзуваат за план кој тешко би можел да се адаптира според потребите.

Одлучувајте внимателно

Попатните исправки ќе бидат неизбежни. Секогаш правете ги внимателно, стратешки, мерејќи ги последиците од превземениот чекор. Постојано имајте на ум дека секоја страна треба да биде задоволена и неоштетена.

Не заборавајте од каде почнавте

Лидерите не почнуваат од врвот. За да дојдат онаму каде што се, потребни се години напорна работа и вложување. Затоа, ниту еден лидер не смее да си дозволи да заборави од каде доаѓа. Штом тоа ќе го имате на ум подобро ќе го разберете вашиот тим и предизвиците со кои се соочува и ќе знаете како правилно да го насочите.