За да се биде лидер треба да се поседуваат одредени карактеристики, што придонесуваат за раст, развој, но и поттик кај останатите. Лидерите без разлика за каков тип станува збор, треба да ја заслужат таа титула и токму затоа никогаш не смеат да ги прават следните седум работи.
Да веруваат дека знаат сè
Факт е дека никој не знае сè . Без разлика колку сте образувани и на која позиција се наоѓате не, смеете да верувате дека имате одговор на сите прашања.
Да не прифаќаат помош
И на менторите понекогаш им треба ментор, помош од страна. Доаѓа време кога и на лидерот му требаат насоки. Не смеете да бидете горделиви и да верувате дека сте семоќни.
Да заборават што е приоритет во животот
Здравјето, психичкото и физичкото треба да бидат на прво место. Ако вие како индивидуалец не сте во добра здравствена состојба, нема да можете им помогнете и останатите. Бидете пример.
Да не ги поддржат другите
Ниеден лидер не смее да се нарече така ако не им дава подрршка на своите следбеници. И кога грешат и кога нема да ја завршат задачата како што треба, бидете тука за нив и потсетете ги дека секогаш има и втора шанса.
Да не покажат благодарност
Не смеете да бидете неблагодарни. За секоја услуга, комплетирана задача, завршена обврска, дадена почит… треба да се заблагодарите на луѓето. Без разлика за кого станува збор сите треба да се третираат подеднакво.
Да “држат“ лутина
Вистинските лидери знаат дека лутината и презирот не носат ништо добро. Ниедна ситуација не се решила на тој начин. Кон проблемите треба да се постапува конструктивно и со смирена глава.
Да бидат перфекционисти
Не очекувајте сè да биде совршено и во најдобар ред. Она што треба лидерите да го прават е да учат од грешките и да ги поттикнат и останатите да го направат истото. Во ред е да се стремите кон најдоброто, но пред сè бидете реални во очекувањата.
Фото: Pixabay