Седумте тајни на најдобрите говорници

76

mikrofon

Фото: Pexels

Многумина мислат дека јавното говорење е талент, умешност, вештина што само одредени луѓе ја имаат. Токму поради тоа се откажуваат состаноци и се отфрлаат прилики да се каже мислењето пред сите кое може да промени многу.

Toa што треба да знаете е дека јавното говорништво не е ништо друго освен храброст да се зборува од срце за она во што навистина верувате.

А за сето тоа да биде уште полесно, постојат и седум мали тајни што секој добар говорник ги знае:

Само 7% од луѓето обрнуваат внимание на тоа што го зборувате.

Тонот на гласот го забележуваат 38% од присутните/гледачите. Тука спаѓаат промените во гласот, ентузијазмот, љубовта и страста со која се зборува.

На говорот на телото внимаваат 55% од луѓето. Забележуваат дали гледате во очи, над главата и дали сте поврзани со личностите на коишто им зборувате.

Пораката мора да биде јасна, убедителна и насочена. Треба точно да знаете што сакате да им порачате на луѓето.

Ефективната комуникација има три фази:

Настап – зборувате, фокусирани сте на говорот,

Презентација – се обраќате некому,

Конверзација – зборувате со некој. Најдобар начин да се поврзете со публиката е да разговарате со неа.

Постојат четири начини на комуникација:

Визуелен (Способност да пренесете енергија)

Аудитивен (Способност сè да претворите во говор)

Дигитален (Способност за сфаќање на аналитички и статитстички информации)

Кинестетички (“движењето” на вашиот глас)

Потребна ви е автентична страст. Споделување на идејата во која верувате, она што ве мотивира, носи во животот…

Еве некои од најдобрите примери како треба да се држи говор во јавност.