Секојдневни навики на успешните и среќни луѓе

46

Што ги разликува успешните луѓе од оние кои не умеат да најдат рамнотежа во животот? Што ја чини успешноста и среќата кај еден човек? Постојат многу прашања на оваа тема, но ретко кој умее да даде добар одговор. Секој човек различно го доживува успехот и истиот нема една дефиниција.

Сепак, постојат одредени работи што им се заеднички на оние луѓе кои важат за реализирани и среќни.

Ја слушаат и другата страна

Не донесуваат суд пред да се стават во “туѓа кожа“, односно пред да ја ислушаат и другата страна што има да каже.

Го одбегнуваат зборот “Но“

Овој збор честопати го користиме кога бараме оправдување за нешто. Успешните луѓе не ја прифаќаат оваа филозофија, туку бараат алтернативно решение за да дадат конструктивен одговор без изговори.

Си поставуваат предизвици

Посветени се на тоа што прават во животот и сакаат предизвици особено кога самите си ги поставуваат. Со тоа учат, одат напред и докажуваат дека умеат и можат да го сторат тоа што го наумиле.

Планираат

На крајот на денот одвојуваат неколку минути за ретроспектива на тоа што се случило. Исто така, прават и план за следниот ден, а токму тоа им помага да најдат баланс за многуте лични и професионални обврски.

Време за семејството

Што и да се случува секогаш наоѓаат време од денот да бидат со семејството. Знаат дека најблиските им даваат најмногу сила и мотивација да ги издржат сите премрежија што можат да дојдат.

Пишана форма

Пишаното останува, а кажаното и слушнатото можат лесно да се “изгубат“. Затоа овие луѓе водат пишана евиденција за секоја важна работа.

Практикуваат едноставност

Колку повеќе комплицираме толку потешко наоѓаме решенија, за мали и големи проблеми. Успешните луѓе ги поедноставуваат работите и настојуваат тоа да им биде пракса.

Без мултитаскинг

Во многу наврати е докажано дека мултитаскингот е контрапродуктивен. Потребен е целосен фокус на еден проблем за што подобар исход. Дури откако ќе биде целосно решен се поминува на следниот предизвик.

Искажуваат благодарност

Благодарни се за она што го имаат и не се воздржуваат да искажат благодарност секому и секогаш кога треба. Добро знаат дека тој збор отвора многу врати и зборува за културата на еден човек.