Секторите за туризам и транспорт лани изгубија 4,5 трилиони долари

37

Негативното влијание на пандемијата од коронавирусот врз секторите за транспорт и туризам се проценува на 4,5 трилиони долари, се вели во соопштението на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).

Пресметките покажуваат дека придонесот на двете индустрии во глобалниот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 49,1%. Наспроти ова, глобалната економија се намали за 3,7 %.

И двата сектори се соочуваат со сериозни тешкотии поради ограничувањата за патувања воведени низ целиот свет, како и карантините наметнати за патниците. Овие фактори ќе продолжат да влијаат на закрепнувањето на индустријата, според WTTC.

Транспортот и туризмот придонеле со 4,7 трилиони долари за светскиот БДП, или 5,5 % од глобалната економија. Во 2019-та година, придонесот беше проценет на 9,2 трилиони долари или учество од 10,4% од светската економија.

Во 2019-та година, овие сектори отворија едно од четири нови работни места и вработија 334 милиони луѓе. Во 2020-та година, сепак, беа избришани 62 милиони работни места, што е за 18,5% помалку. Заради природата на секторот, ова намалување има значително влијание врз ранливите групи – жени, млади и припадници на малцинства.

Анализите на WTTC исто така известуваат за значително намалување на трошоците за патувања – за скоро 70 %.

 

Фото: Pixabay