Selfie Stick-от добива нова 180 степена димензија со Spivo

5

pixabay-monopod-tripod-selfie-stick-compose-846082-1200x600

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираат образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

Selfie стапчињата може да бидат забранети во голем број јавни места, но можноста да се прават слики и видеа од поинаков агол со користење на едно “стапче“, нуди огромна креативност додека креирате спомени од вашите авантури. Сега, новиот и револуционерен selfie stick наречен Spivo, ви овозможува да го менувате правецот на камерата за 180 степени со едноставно притискање на копче додека сликате или снимате.

Video: https://d2pq0u4uni88oo.cloudfront.net/projects/1890814/video-558858-h264_high.mp4

Дали некогаш сте се обиделе да го “уловите“ совршениот момент, но не сте биле во можност да го сторите тоа? Обичните селфи стапчиња се статични и имаат недостаток на маневрирање, па сликате од едно видно поле.

Можеби ќе ве интересира:

Intalyse: Решение за проблемите со дигиталниот маркетинг – маркетинг алатка #11

Taskworld: алатка за попродуктивен ден – стартап алатка #11

За модерен и урбан живот: Gi GlyBike – производ на денот #10

Ова ограничување е веќе минато и од сега сите интересни моменти од вашата непосредна околина ќе може да ги зачувате во вид на слика или видео клип со кадар од 180 степени.

Spivo е водоотпорен и лесен за употреба. Откако ја завршија кампањата на Kickstarter, сега може да го пред-нарачате во три различни величини (S, M, L) по цена од 37,65 долари на нивниот официјален веб сајт. Ние сме спремни за кул селфи со новиот Spivo Stick, а вие?

Среќно,

Brainster заедницата

Тагови: selfie stick, Spivo, Spivo Selfie Stick, производ на денот

Post photo: https://pixabay.com/en/monopod-tripod-selfie-stick-compose-846082/