Sense – паметен сензор што испраќа известувања 24/7

23

222

Фото: Kickstarter

Sense е мал уред што може да ги следи температурата, влагата, притисокот на воздухот, интензитетот на светлината, нивото на бучавоста, нивото на CO2, движењата и многу повеќе. Тој е дело на стартап со седиште во Сан Хозе, Калифорнија. Благодарение на повеќе вградени сензори, Sense испраќа известувања коишто содржат корисни информации и препораки за животната средина.

Sense е толку малечок што може лесно да се прицврсти на секој апарат, ѕид или ранец. Може да се носи насекаде или да се инсталира на место за локално следење на околината 24/7.

Sense може да се користи со соодветната апликација MicroBot Sense (достапна на iOS и Android), IFTTT, Amazon Alexa и Google Home. Се поврзува со паметен телефон.

Уредот не мора активно да се користи. Корисникот може да го носи со себе или да го остави некаде во домот, а нотификациите за околината и квалитетот на воздухот ќе пристигнуваат автоматски.

Производот има своја кампања на Kickstarter и досега има собрано 26.565 долари, од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 33 дена. Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава