
Потрошувачката кошничка ќе остане за четиричлено семејство, а не за три како што претходно најавуваа од Владата. Според министерот за економија, Бесар Дурмиши се направиле анализи и работна група ги дала своите предлози.
-Знаеме дека при крај е формирањето на Економско-социјалниот совет. Потрошувачката кошничка е веќе во завршна фаза. Наскоро ќе биде достапна за сите. Ќе биде добро изготвена и ќе ги даде бројките од релевантните институции. Потрошувачката кошничка ќе ги земе во предвид цените во 3-5 маркети најповолната ќе биде преземена и ќе биде додадена. Новата кошничка ќе биде реална со реални податоци и колку е потребно едно семејство да троши за еден месец, рече тој денеска на прес-конференција во Владата.
Според Дурмиши, работната група одлучила да се остане со пресметката за четиричлено семејство.
-Крајното е дека одиме со четири членови и реални податоци, додаде Дурмиши.