„Сервис Петрол“ нуди 350 денари по акција за целосно преземање на „Фабрика Карпош“

Откако стана доминантен сопственик на градежниот гигант „Фабрика Карпош“,  компанијата „Сервис Петрол“ и официјално ја објави својата намера за целосно преземање на преостанатите акции. Понудената цена изнесува 350 денари по акција.

„Сервис Петрол“ соопшти дека понудата за преземање ќе биде објавена по добивање дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Овој потег следува непосредно по големата блок-трансакција на Македонската берза, во која „Сервис Петрол“ го откупи пакетот од 224.000 акции претходно поседувани од „Градежен институт Македонија“ (ГИМ).

Исто така согласно Глава 6 од Правилата за котација, Фабрика Карпош извести  дека е добиена намера за превземање на Друштвото од страна на Сервис Петрол ДОО Скопје