Според податоците на европската статистичка агенција Еуростат, онлајн банкарството во земјите од Западен Балкан го користат помалку од 27 отсто од жителите кои имаат банкарска сметка.
Онлајн банкарството во регионот најмногу се користи во Македонија, речиси 27 отсто и Србија, 24,8 отсто.
Во Црна Гора тој процент е значително помал – 11,2 отсто, покажуваат податоците што ги пренесе Радио Слободна Европа. Процентот е најмал во Косово (8,9 отсто) и Албанија (5,2 отсто).
Кога станува збор за западноевропските земји, онлајн банкарството најмногу го користат жителите на Норвешка (95,8%), Финска (94,6%) и Данска (94,3%).
Просекот на ниво на ЕУ е 59,6 отсто.