Руската тенисерка Марија Шарапова е најбогата спортистка во светот со годишна заработувачка од 29 милиони долари, пренесува Forbs.
Договорите за спонзорство на Шарапова се проценуваат на 23 милиони, додека наградниот фонд кој тенисерката го има освоено на турнирите изнесува 6 милиони долари.
Според пресметката на Forbs, Шарапова во досегашната своја кариера има заработено околу 180 милиони долари само на реклами, а турнирите и донеле 27 милиони долари.
Повеќе платени од Шарапова биле само Серена и Венус Вилијамс.
Филмската ѕвезда Аџелина Џоли се најде повторно на врвот на најплатени холивудски актерки. Од јуни 2012 до истиот месец оваа година, таа заработила 33 милиони долари.
Џоли е една од ретките холивудски актерки која може да побара најмалку 15 милиони долари за филмска улога.