
Менаџерот Хавиер Шардон е назначен за нов извршен директор на Цитроен, според денешното соопштение на Стелантис, сопственикот на францускиот производител на автомобили.
Според извештаите, Шардон ќе ја преземе функцијата извршен директор на 2 јуни, заменувајќи го Тиери Коскас, кој ја извршуваше функцијата две години.
Шардон се враќа во Цитроен каде што помина речиси две децении, каде што, меѓу другото, ја извршуваше функцијата генерален директор за Франција.