Шефот на BMW испрати загрижувачко предупредување: „евтините автомобили“ може целосно да исчезнат од пазарот

Одредувањето фиксен датум за забрана за продажба на автомобили на бензин може да ги отстрани „евтините автомобили“ од пазарот, а многумина не можат да си дозволат електрични, предупреди претседателот на германскиот Управен одбор на БМВ.

Говорејќи пред најавата за инвестиција од 1,7 милијарди долари во производството на електрични возила во САД, Оливер Зипсe нагласи дека BMW не одредил датум за крај на производството на бензински автомобили и предупреди дека нивната продажба не треба бидат забранетa.

“Не сакаме основните сегменти да останат без соодветна понуда на возила, политички тоа е многу опасно”, додаде тој.

“Доколку одеднаш се случи само богатите да може да поседуваат автомобили, тоа е опасна ситуација”.

Тој нагласи дека ја поддржува амбициозната регулатива, но сепак, дефинирање на фиксен датум ќе предизвика луѓето подолго да ги возат старите возила – а тоа не е нешто што индустријата го посакува.

Зипсе се залага за слобода при изборот – “ние ќе нудиме избор, а не ограничувања”.