Шефот на Голдман Сакс беше во право

226

Пред една година, кога Волстрит собори рекорди, Дејвид Соломон, шефот на Голдман Сакс, предупреди дека финансиските пазари не се подготвени за можно побрзо заострување на монетарната политика.
Тој рече и дека има премногу алчност и дека ваквата состојба не може да трае. Ако го оставиме настрана фактот дека барем што се однесува до алчноста, дел од проблемот е и споменатата банка со која тој раководи, Соломон беше апсолутно во право, бидејќи оваа година го видовме најбрзото заострување на монетарната политика во последните четири децении.