Шефот на јапонска корпорација: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција за 10 години

19

Вештачката општа интелигенција (Artificial general intelligence – AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите полиња во рок од 10 години, изјави извршниот директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank , Масајоши Сон.

„Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе. Таа сега учи сама, тренира сама и сама носи заклучоци, исто како и луѓето“, нагласи Сон, според CNN.

Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој предвиде дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентен од збирот на целата човечка интелигенција.