„Вештачката интелигенција напредува со неверојатна брзина“, рече Јенсен Хуанг, основач и извршен директор на Nvidia, за време на презентацијата на новите производи во игрите, автономните возила и роботиката.
„Започна со перцептивна вештачка интелигенција – разбирање слики, зборови и звуци. Потоа со генеративна вештачка интелигенција – создавање текст, слики и звук“, рече Хуанг, додавајќи дека сега влегуваме во ерата на „физичка вештачка интелигенција“.
Следната фаза на вештачката интелигенција е „физичка вештачка интелигенција“, термин кој, според компанијата, значи дека автономните машини можат да перцепираат, разберат и изведуваат сложени дејства во реалниот свет.
„Физичката вештачка интелигенција ќе направи револуција во производствената и логистичката индустрија од 50 трилиони долари (48 трилиони евра)“, рече Хуанг.
„Сè што се движи – од автомобили и камиони до фабрики и магацини – ќе биде роботизирано и водено од вештачка интелигенција.
Чиповите и платформите на NVIDIA се во центарот на таа трансформација, овозможувајќи напредок во различни индустрии, вклучувајќи игри, роботика и автономни возила.