Шест македонски менаџери ќе посетуваат елитно Бизнис школо во Канада

52

FacilitatorsОрганизацијата Македонија 2025 во соработка со Schulich School of Business од Канада оваа година ќе им овозможи на шест македонски менаџери да посетат курсеви во Schulich Executive Education Center и истовремено да остварат работни посети во канадски компании.

Инаку Schulich School of Business е дел од York University од Торонто и е рангирана меѓу топ 10-те светски Бизнис школи според Financial Times, Forbes Magazine, BusinessWeek, The Wall Street Journal и the Economist

“Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е фокусиран на принципот just-in-time учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи”, се вели во соопштението на Македонија 2025.

Стипендијата е во износ од 12.000 – 15.000 канадски долари и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од над 120 курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори.

Курсевите се наменети за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и пет годишно работно искуство. Рокот на пријавување за програмата е 15 март 2013.

Заинтересираните можат да се информираат на следниот линк http://www.macedonia2025.com/activities/single/124  или да ја контактираат канцеларијата на Македонија 2025 на [email protected].