Шест симптоми на слаб имунитет

194

imunitet

Фото: Pixabay

Често имате чувсто на слабост и безволност, а не знаете зошто е тоа така?
Погледнете ги знаците кои укажуваат на слаб имунитет и работете на негово подобрување.

Слатките се ваша страст

Прекумерното уживање во слатки работи, освен што ќе ја зголеми вашата килажа, може да му наштети и на имунолошкиот систем, кој потоа нема да може да ве заштити од бактерии и вируси. Според едно истражување, 100 грама шеќер значително ја намалува способноста на белите крвни зрнца за уништување на бактерии во наредните пет часа од конзумирањето.

Не пиете доволно вода

Постои причина поради која се препорачува поголем внес на течности кога сте болни. На вашето тело му се потребни многу течности за да може да се бори против токсините. Доколку вашата урина има светло жолта боја (скоро без боја) и нема мирис, тоа е знак дека внесувате доволно вода.

Се борите со вишокот килограми

Прекумерната тежина му штети на срцето, мозокот и останатите органи. Исто така, вишокот килограми го ослабува имунолошкиот систем. Вишокот килограми предизвикува хормонална нерамнотежа, како и воспаление кое ја намалува спсобноста на имунолошкиот систем да се одбрани од инфекции.

Секогаш сте настинати

Ова е знак дека вашиот имунитет воопшто не работи како што треба. Возрасна личност во една сезона е нормално да биде настината до 3 пати, што во просек трае најмногу 4 дена. Доколку кај вас се случува тоа почесто и трае подолго, помогнете си со повеќе сон, вежбање, здрава исхрана и многу течности.

Постојано чувствувате стрес

Хроничниот стрес е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Тој може само да ја влоши вашата клиничка слика. Луѓето кои се постојано под стрес многу потешко се борат со болести.

Носот ви е сув

Течење на носот е одбранбен механизам на телото кој се бори против грипот и настиката. Слузот во носната празнина ги спречува вирусите да влезат во телото. Ако вашиот нос е потполно сув, бактериите и вирусите полесно ќе влезат во респираторниот систем. Тука од помош можат да бидат капките за нос.