Шест совети за добра реклама

357

bilbord

Фото: Pixabay

Бизнис Инфо ви дава неколку совети како да направите добра бизнис реклама.

1. Едноставност

Доколку станува збор за e-mail или флаер не користете многу зборови и карактери. Не плашете се да оставите празно место. За оној што ќе чита, помалку е повеќе. Добар пример за ова е Nike со нивното препознатливо Just Do It, три мали зборови, но многу голема и препознатлива порака.

2. Емоции

Нешто што изледа привлечно, интригантно, провокативно и тоа како ќе ги привлече клиентите. Затоа секогаш кога е возможно вашиот рекламен материјал нека содржи емоции. Луѓето одлучуваат дали да го купат производот или услугата врз база на емоции, не затоа што логички делува добро.

3. Разговорен стил

Колку поедноставна е вашата реклама толку повеќе ќе влезете во “дијалог” со клиентите. Пишувајте како што зборувате. Користете кратенки, бидете забавни, така рекламниот материјал ќе биде поинтересен за читање.

4. Користете bullets

Целта на рекламирањето е да се пренесе пораката до оној што ќе ја чита, начинот на пренесување не е битен. Еден метод за ова да успее е преку користење на bullets, (точки) за подобра распределба на она што сакате да го кажете. Така, пораката ќе биде прегледна и клиентите ќе ја апсорбираат одеднаш.

5. Виралност

Маркетинг порака е успешна ако остави белег кај клиентот, но ако истиот тој клиент сака пораката да ја сподели со неговите пријатели, роднини и колеги, тогаш таа маркетинг порака е одлична. И повторно ако таа предизвика емоции кај луѓето поголема е веројатноста да биде споделена со другите. Затоа направете го рекламниот материјалот интересен за “шерување” ако сакате да постигнете поголем ефект.

6. Кога се сомневате, следете ја интуицијата

Понекогаш е тешко да се пронајдат вистинските зборови. Експертите советуваат дека кога ќе наидете на таква блокада напишете ја првата реченица или фраза што ќе ви текне во моментот. Што е тоа што сакате другите да го знаат за вашиот бизнис? Едноставно одговорете го ова прашање без многу размислување. Можеби, токму тука лежат зборовите кои ги барате. Ако го барате совршеното никогаш нема да ја завршите задачата. Најчесто вашите први мисли се оние најдобрите.