Шолц: Турбината за Северен тек 1 може да се врати во Русија во секое време

65

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја обвини Русија дека е виновна за проблемите со испораката на турбината за гасоводот Северен тек 1, кој е во центарот на европската гасна криза.

Турбината, која Гаспром ја наведува како причина за намалениот проток на гас, е подготвена и нема пречки од германска страна да биде испорачана, изјави Шолц на новинарите заедно со извршниот директор на Сименс енерџи, производителот на турбини, пренесува Блумберг.

„Она што ми е важно е да појаснам дека оваа турбина е подготвена за испорака во секое време. Ништо не го спречува да се транспортира во Русија“, рече Шолц, кој пристигна во Миелхајм, каде што се наоѓа фабриката на Сименс.

Фото: Facebook