Shower to the People – туш кабина на тркала за бездомници

25

shower-to-the-people-3Постојат разни места каде бездомниците и сиромашните можат да најдат топол оброк и да се засолнат. Но, она што недостига се места што ќе обезбедат лична хигиена, нешто што во голема мера им е потребно на овие луѓе. Сапун, шампон, чиста вода и сето она што е од големо значење за зачувување на нивното здравје им го обезбедува Џејк Остин на бездомниците во Сент Луис, Мисури.

Триесет и едногодишниот Остин со години им помага на сиромашните во овој дел од САД, но сега тоа го прави со помош на стар камион трансформиран во мобилен туш и место за освежување – наречено Shower to the People.

Бањата на тркала има две туш кабини, мијалници со огледала, четки, пасти и сапуни направени од вработените во Raise the Bar, а дневно може да обезбеди и до 60 индивидуални туширања. Водата во камионот доаѓа од хидранти за пожар и се загрева со помош на надворешен генератор.

shower-to-the-people

f3e54d_6c87c012ef4e479b8795d3b06ba88850

oo

13173394_1780065965548660_6359893397804561351_o