Шпанија воведува данок на добивка на банките: Сламка за спас поради високата инфлација

99

Шпанија ќе ги “удри“ електроенергетската индустрија и банките со привремен данок на дополнителниот профит што очекува да собере 7 милијарди евра во 2023-2024 година за да им помогне на граѓаните да се справат со зголемената инфлација, рече владата, што предизвика распродажба на некои банкарски акции.

Акциите на Sabadell Bank паднаа за дури 12 отсто, додека Bankinter и CaixaBank паднаа за околу 10 отсто по соопштението на владата, влечејќи го надолу шпанскиот индекс IBEX 35 на најликвидни акции, пренесува Reuters.

Премиерот Педро Санчез во парламентот, во своето обраќање за состојбата на нацијата, рече дека годишниот приход во 2023 и 2024 година од данокот на вонредната добивка на електроенергетските компании остварен оваа и следната година треба да достигне 2 милијарди евра, додека приливот од тој данок за финансиските институции треба да изнесува 1,5 милијарди евра годишно.

Санчез нагласи дека владата ќе го воведе овој данок „на големите банки бидејќи тие веќе почнаа да имаат корист од (очекуваното) зголемување на каматните стапки“, пренесува Танјуг.